Ahmed al-Masri,Afra Aksoy
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АБУ ДАБИ (AA) - Обединетите Арапски Емирати (OAE), ги информираа Обединетите нации (ОН), Арапската лига и Советот за соработка во Заливот, дека два цивилни авиони биле „испровоцирани“ од катарски воени авиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според официјалната агенција на ОАЕ, „WAM“, администрацијата на Абу Даби ги известила Советот за безбедност на ОН и претседателите на Генералното собрание на ОН, како и Арапската лига и генералните секретари на Советот за соработка во Заливот дека „двата цивилни авиони што припаѓале на ОАЕ биле провоцирани од воените авиони на Катар, со што биле загрозени животите на цивилите“.
ОАЕ ситуацијата ја окарактеризира како „невнимателна и неодговорна“ велејќи дека „тоа неоправдано, ја нарушува безбедноста на цивилните летови, ги прекршува важечките закони и го загрозува меѓународниот мир и безбедност во регионот“.
ОАЕ минатиот понеделник соопштија дека радарите на Бахреин утврдиле дека два цивилни авиони на БАЕ кои летале кон Манама, биле испровоцирани од воените авиони на Катар.
Од друга страна, Катар ги негираше обвинувањата и изјави дека воените авиони на ОАЕ три пати го прекршиле воздушниот простор. Катар се пожали на генералниот секретар на ОН и на Советот за безбедност поради овие прекршувања.