Ihvan Radoykov
05 Мај 2021•Ажурирај: 06 Мај 2021
СОФИЈА
Во Бугарија е донесена одлука за одржување на предвремени избори на 11 јули оваа година поради неуспешниот обид за формирање на коалициска влада по парламентарните избори одржани на 4 април, јавува Агенција Анадолија (АА).
Третата најголема партија во бугарскиот Парламент, Бугарската социјалистичка партија (БСП), стана неуспешна во формирањето на Владата.
Корнелија Нинова, лидерка на БСП која доби мандат за формирање на Владата од претседателот Румен Радев, истакна дека нејзината партија не добила поддршка од втората најголема партија во Парламентот „Има таков народ“ и дека се откажале од мандатот за формирање на Владата во земјата.
Откако и БСП стана неуспешна во формирање на Владата, претседателот Радев соопшти дека според Уставот на Бугарија наредната недела ќе го распушти Парламентот и дека на 11 јули ќе се одржат предвремени избори.
По распуштањето на Парламентот, Радев ќе ги подготви изборите и ќе ја формира Владата на технократи која ќе управува со земјата до формирање на новата влада.