свет, Операција Извор на мирот

Сиријците во сѐ поголем број се враќаат во ослободените сириски градови Тел Абјад и Рас ал Ајн

Воени извори соопштија дека заедничкото патролирање на силите на Турција и Русија се одвива во северниот дел на Сирија на 40 километри источно од Рас ал Ајн и 30 километри западно од градот Камишли

Dilara Hamit  | 01.11.2019 - Обновена : 03.11.2019
Сиријците во сѐ поголем број се враќаат во ослободените сириски градови Тел Абјад и Рас ал Ајн

АНКАРА

Сиријците се враќаат во своите домови во Тел Абјад и Рас ал Ајн откако се преземени опсежни безбедносни мерки во северното сириско подрачје, соопштија денеска воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).

Воените извори исто така соопштија дека заедничкото патролирање на силите на Турција и Русија се одвива во северниот дел на Сирија на 40 километри источно од Рас ал Ајн и 30 километри западно од градот Камишли.

Рас ал Ајн и Тел Абјад беа расчистени од терористите на ЈПГ/ПКК за време на турската операција „Извор на мирот“, која започна на 9 октомври, со цел елиминирање на терористите во северна Сирија, источно од реката Еуфрат, обезбедување на турските граници, овозможување безбедно враќање на сириските бегалци и осигурување на територијалниот интегритет на Сирија.

Анкара сака терористите на ЈПГ/ПКК да се повлечат од регионот за да може да биде создадена безбедносна зона за безбедно враќање на околу 2 милиони бегалци.

Во меѓувреме, турското Министерство за одбрана соопшти дека е уништен погон за импровизиран експлозив на терористичката ЈПГ/ПКК и дека е запленет 1 тон амониум нитрат во Тел Абјад, Сирија.

„За време на антитерористичката операција на Турција во Сирија се уништени над 400 мини и импровизирани експлозиви, како и возило наполнето со експлозив“, истакна полковникот Олџај Денизер, портпарол на турското Министерство за одбрана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.