свет, Операција Извор на мирот

ЈПГ/ПКК во северна Сирија постави експлозиви во стаклени шишиња

- Безбедносните сили деактивираа голем број импровизирани експлозивни уреди, како и мини поставени во пластични лименки

Nilay Kar  | 01.11.2019 - Обновена : 02.11.2019
ЈПГ/ПКК во северна Сирија постави експлозиви во стаклени шишиња

РАС АЛ АЈН/АНКАРА

ерористите на ЈПГ/ПКК, во областите кои ги напуштија во северна Сирија поставија импровизирани експлозивни уреди во пластични шишиња, велат турските безбедносни сили, кои продолжуваат со напорите во расчистување на подрачјето, јавува Аnadolu Agency (AA).

Турските вооружени сили (TSK) и Сириската национална војска (SNA) вложуваат напори за враќање на мирот во подрачјето на Рас ал Ајн.

Подрачјето од терористите на ЈПГ/ПКК беше ослободено на 12 октомври за време на антитерористичката операција „Извор на мирот“.

Безбедносните сили деактивираа голем број импровизирани експлозивни уреди, како и мини поставени во пластични лименки.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Анкара и Москва постигнаа договор според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.