Zehra Ulucak
23 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Научниците открија дека физичката активност кај децата позитивно влијае на мозочната структура, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите од Универзитетот Гранада во Шпанија открија дека поголемо количество сива материја во кортексот на мозокот има кај децата што имаат повисок аеробичен капацитет (капацитетот на срцето и на белите дробови да го претворат кислородот во енергија), и поголеми моторни вештини (брзи се, а не се уморуваат брзо).
Во ова истражување направено во рамките на проектот „ActiveBrains“ (Активни мозоци), учествуваа над 100 деца со прекумерна тежина.
„Нашата цел беше да најдеме одговор дали структурата на мозокот кај активните деца со нормална тежина е поразлична од структурата на мозокот кај неактивните дебели деца, и дали оваа состојба влијае врз академскиот перформанс кај децата. Одговорот е краток и убедлив. Да, активноста кај децата е поврзана со значајни разлики во структурата на мозокот, и овие разлики позитивно влијаат врз академскиот перформанс кај децата“, истакна Франциско Б. Ортега, раководител на ова истражување.
Научниците кои ги истражуваа и ефектите на активноста врз деловите на мозокот одговорни за јазикот и читањето, открија дека има повеќе сива материја кај децата со развиени моторни вештини.
Ирина Естебан-Корнејо, еден од истражувачите, нагласи дека поголемото количество сива материја во споменатите делови го зголемува академскиот перформанс кај децата.
„Вежбите што ги развиваат аеробичните капацитети и моторните вештини можат да се користат за забрзување на мозочниот развој и за зголемување на академскиот перформанс кај дебелите деца“, истакна Естебан-Корнејо.
Истажувањето е објавено на списанието „Neurolmage“ (Неуроимиџ).