Ayşe Aktaş
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
КЕЈП КАНАВЕРАЛ (АА) - Научниците соопштија дека длабоките темни линии што се забележуваат на површината на Марс не се воден тек, туку течение на песок, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниците од универзитетите Аризона и Дурхам и од Институтот за вселенски науки соопштија дека тесните, темни траги на течение, кои се забележуваат на Црвената планета, биле испитани благодарение на фотографиите што ги обезбедил телескопот „HiRISE“ поставен од страна на НАСА (Национална администрација за аеронаутика и вселена на Америка) на вселенското летало за извидување на Марс .
Колин Дундас, главен и одговорен за истражувањето, соопшти дека од илјадниците бразди биле разгледани 151, кои се именувани како Повторeни линии наклон (на ерозија и таложење нанос) „RSL“. Тој истакна дека овие лини се под алог од 28 до 35 степени, што одговара на аголната поставеност на песочните дини на земјата, а според соодветните вредности, веројатно станува збор и за ист агол на наносот на песокот на Марс.
Научникот Дундас истакна дека последните откритија благодарение на набљудувањето на РСЛ, ги потврдуваат наодите дека денешната површина на Марс е многу сува.
Научниците благодарение на набљудувањето на РСЛ утврдија дека не станува збор за водени текови, туку темните линии се формирани од песок и материјални гранулати како правот. Истакнувајќи дека на некои РСЛ е забележано присуство на хидрирани минерали, според нив, тоа укажува дека капките вода може да имаат своја улога во формирањето на РСЛ.
Овој труд ја потврдува тезата дека на површината на Марс нема воден тек, елиминирајќи ја во потполност тезата дека на Црвената планета е пронајдена вода.
Научниците истакнуваат дека е можно на Марс да биде откриена вода, но сметаат дека таа не е доволна за да овозможи живот на оваа планета.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Nature Geoscience“ (Природа геонаука), на американскиот Геолошки истражен центар.
НАСА во 2015 година објави вест во којашто се вели дека има цврсти докази оти на Црвената планета во топлите месеци има текови на солена вода.
Научниците беа соопштиле дека тесните текови со темни тонови на Марс се видливи за време на најтоплите месеци на Црвената планета, додека во останатиот период тие исчезнувале.