Emre Aytekin
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
АНКАРА (АА) – Научниците открија начин како резистентните бактерии да ги направат повторно чувствителни на антибиотици, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Универзитетот „Копенхаген“ во Данска, и од Универзитетот „Рос“ во Соединетите Американски Држави (САД) со направената студија за бактериите клебсиела (Klebsiella pneumoniae) и ешерихија коли (Escherichia coli), кои се отпорни на повеќе лекови, успеале да ја разбијат отпорноста на овие бактерии кон антибиотиците, така што ги откриле и ги неутрализирале клучните гени што им овозможуваат на овие бактерии да постојат и да се развиваат.
Научниците го испитаа придонесот за резистенцијата на секој ген од бактеријата, и открија некои гени што ѝ овозможуваат на бактеријата клебсиела да биде отпорна на „колистин“, кој е еден од најмоќните антибиотици. Научниците виделе дека со сузбивањето на генот именуван „дедА“, се разбива целата резистентност на бактеријата кон антибиотиците.
Од друга страна, истражувачите открија дека со сузбивање на истиот ген кај бактеријата ешерихија коли се разбива отпорноста на оваа бактерија кон антибиотикот „бета-лактам“.
„Нашето откритие докажува дека и супермикробите не се непобедливи. Сега знаеме која е нивната ‘Ахилова пета’. Сега знаеме како да ги победиме“, истакна проф. Лука Гуардабаси, главен автор на истражувањето во кое се наведува дека овој метод ќе овозможи да се произведат нови „помошни“ лекови за антибиотици.
Резултатите од ова истражување се објавени во онлајн-изданието „Сајантифик рипортс“ на списанието „Нејчр“.