Ekipa
15 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Според новото истражување објавено вчера, звукот може да се користи за пробивање на поврзани интернет-уреди како паметни телефони, автомобили и медицински уреди, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите на Универзитетот „Мичиген“ успеаја да пробијат кој било од овие уреди со пуштање на звучни бранови на нивните чувствителни сензори. Тие ги користат загрозените сензори за да пробијат во системот.
Ова вознемирувачко откритие покажува дека компјутерските инженери и технолошките компании не треба да се грижат само за својот софтер, туку и за хардверот исто така.
Ова истражување ќе биде презентирано наредниот месец, на симпозиум во Европа.
Користејќи евтин звук, истражувачите можеа да измамат фитнес лента за трчање (Fitbit), додавајќи илјадници чекори плус.
Автомобил-играчка контролиран преку апликација од паметен телефон може да биде управувана на сличен начин од овие малициозни звучни бранови.
Авторите на студијата користеле друг звук за да ги измамат сензорите на паметниот телефон „самсунг галакси С5“ во спелување на зборот walnut (орев), во графиконот што ги илустрира сензорите за читање.
Слично на познатиот концепт кога оперската пејачка ја крши чашата со вино со тоа што погодува одредена нота, истражувачите открија дека технологијата на сензор може да биде манипулирана со звук.
„Основната физика на хардверот ни овозможува да ги измамиме сензорите, со тоа што доставуваме лажна реалност до микропроцесорот“, се наведува во соопштението на главниот автор, Кевин Фу.
„Нашите откритија се темелат врз претпоставките во врска со безбедноста на основниот хардвер. Ако погледнете низ објективот на компјутерската наука, нема да видите безбедносен проблем. Ако погледнете низ објективот на материјалната наука, исто така нема да го видите овој безбедносен проблем. Само ако погледнете низ двата објектива во исто време, може да се забележи таа чувствителност“.