Dildar Baykan
14 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Истражувачите од Музејот за природни науки „Бернардино Ривадавиа“ во Буенос Аирес, во басенот на реката Амазон ја откриле првата флуоресцентна жаба, јавува Anadolu Agency (AA).
Жабата е откриена сосема случајно, за време на истражување за други видови водоземци.
Научниците истакнуваат дека станува збор за жаба што на обична светлина има зелена и светлокафена боја со црвени точки, а под ултравиолетова светлина, свети флуоресцентно зелено.
Покрај тоа, околината и светлината одредуваат до кој степен жабата ќе свети.
Животните што имаат карактеристика на флуоресцентност ретко живеат на копно.
Истражувачите истакнуваат дека претходно не размислувале оти оваа карактеристика може да ја имаат и ’рбетниците, па поради тоа, откритието носи дополнителна возбуда.
Тие додаваат дека ова откритие нуди можност за нови истражувања и на други ’рбетници.
Истражувањето е објавено во списанието „Зборник на Националната академија на науките“.