наука и технологија

Пиењето кафе или чај пред спиење не влијае на сонот

Во спроведена студија на истражувачи од САД се покажа дека никотинот и алкохолот го прекинуваат спиењето, а кофеинот нема никаков ефект врз спиењето

Zehra Ulucak  | 07.08.2019 - Обновена : 08.08.2019
Пиењето кафе или чај пред спиење не влијае на сонот

АНКАРА (АА) - Според весникот „Индипендент“, истражувачи од Медицинскиот факултет од Универзитетот „Атлантик“ во Флорида и Универзитетот „Харвард“ вкупно 5.164 дена евидентирале 785 учесници за тоа колку консумираат кофеин, алкохол и никотин преку ден и ноќ, пренесува Anadolu Agency (AA).

Истражувачкиот тим ги споредил резултатите со оние резултати добиени од сензорите на зглобовите, кои го снимија времето на спиење на учесниците и ефикасноста на нивното спиење.

- Кофеинот нема никаков ефект врз спиењето -

Во студијата се покажа дека никотинот и алкохолот го прекинуваат спиењето, а кофеинот нема никаков ефект врз спиењето.

Студијата, исто така, покажа дека една цигара запалена пред спиење го намалува вкупното време на спиење за 42 минути кај тие што имаат тешкотии со спиењето. Користењето цигари ноќе го намалува времето на спиење за околу 43 минути.

Д-р Кристин Спадола од Универзитетот „Атлантик“ во Флорида во статијата што ја напиша за списанието „Sleep“ истакна дека никотинот или алкохолот консумирани во рок од 4 часа пред спиење негативно влијаат на континуитетот на спиењето.

„Не забележавме дека внесот на кофеин негативно влијае на спиењето“, рече Спадола.

Беше посочено дека студијата дала изненадувачки резултати, наспроти распространетото верување дека кафето и чајот негативно влијаат на спиењето.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın