Zehra Ulucak
04 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Се покажа дека алкохолот предизвикува трајни генетски оштетувања на матичните клетки во човечкото тело, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британските истражувачи спроведоа анализа со генетски модифицирани глувци, при што открија дека алкохолот предизвикува рак, уништувајќи ја ДНК-та во клетките,.
Професорот во Лабораторијата за молекуларна биологија во Кембриџ, проф. д-р Кетан Пател, изјави дека неговото истражување дава силни докази дека алкохолниот метаболит е одговорен за оштетување на ДНК во сите матични клетки кои формираат ткива.
Врз основа на претходните студии во коие откриено дека ацеталдехидот е токсин кој се формира при согорување на алкохолот во телото и истиот може да ја оштети ДНК во клетките, новите истражувања покажуваат дека доколку ацеталдехидот не се неутрализира преку природниот одбранбен механизам, тој може да ја разбие ДНК-та и да предизвика трајни оштетувања.
Експериментите во лабораторијата покажаа дека глувците, кои немаат природен одбранбен механизам, целосно го инхибираат производството на нови крвни клетки со 10-дневно давање разреден алкохол.
По испитувањето на матичните клетки земени од овие глувци, забележано е дека ДНК во клетките е оштетена до степен што е невозможно нивно понатамошно функционирање.
Статијата е објавена во списнието „Nature“.