живот

Лицата кои се во романтични врски помалку консумираат алкохол

Студијата на која заедно работеле научници од САД, Финска и Турција покажа дека лицата на двата пола кои се во љубовна врска помалку консумираат алкохолни пијалоци во однос на лицата кои не се во некоја романтична врска

Bedrudin Brlyavac  | 19.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
Лицата кои се во романтични врски помалку консумираат алкохол

ХЕЛСИНКИ (AA) - Резултатите од истражувањето од Финска покажаа дека лицата кои се во романтични врски помалку консумираат алкохол, јавува Агенција Анадолија (АА).

Студијата на која заедно работеле научници од САД, Финска и Турција покажа дека лицата на двата пола кои се во љубовна врска помалку консумираат алкохолни пијалоци во однос на лицата кои не се во некоја романтична врска.

Петер Бар, професор од Универзитетот Вирџинија, изјави дека ова е многу важен резултат од истражувањето бидејќи јасно покажа дека социјалните услови во значителна мерка можат да влијаат на зачестеноста на консумирањето алкохол.

Истакна дека студијата исто така потврди дека романтичните врски гарантираат и емоционална поддршка, давајќи им на луѓето помалку причини поради негативни животни ситуации утеха или спас да бараат во алкохол.

Јако Каприо, професор од Универзитетот Хелсинки, рече дека романтичните врски исто така имаат и елемент на општествена контрола бидејќи партнерите имаат тенденција да го следат меѓусебното однесување и веројатно дека нешто ќе кажат дококу втората половина премногу пие.

Истражувањето е спроведено на вкупно 1.200 лица на старосна возраст од 20 до 26 години, објавено е во научното списание „Addiction".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.