живот

Палестинец се грижи за уличните животни во Газа

Ар во разговор за Агенција Анадолија (АА) истакна дека во 2006 година го основал Здружението за заштита на улични животни „Селале“, и дека во ова здружение работи со екипа од 15 члена од различни места во Газа кои доброволно работат тука

Sümeyye Özer, Muhammed Ebu Dun  | 22.11.2019 - Обновена : 27.11.2019
Палестинец се грижи за уличните животни во Газа (Foto: Ali Jadallah/ Anadolu Agency)

ГАЗА (АА) - МУХАМЕД ЕБУ ДУН -

Палестинецот Саид ел Ар, во рамки на здружението кое го основаше во градот Зехра кој се наоѓа во Појасот Газа кој е под блокада, се грижи за уличните животни, но во исто време сака да ја подигнува свеста во оваа насока.

Ар во разговор за Агенција Анадолија (АА) истакна дека во 2006 година го основал Здружението за заштита на улични животни „Селале“, и дека во ова здружение работи со екипа од 15 члена од различни места во Газа кои доброволно работат тука.

Тој нагласи дека секој од нив има различна задача, и дека на социјалните мрежи објавуваат со цел подигнување на свеста за правата на животните.

Според него, лековите кои ги користат во лекувањето на мачките и кучињата скитници, ги добиваат како донација од различни донатори во Палестина, како и од Министерството за земјоделство во Газа, но додаде дека тоа не е доволно.

Ар рече дека се соочиле со бројни проблеми во процесот на основање на ова здружение, и дека како резултат на политичката и географската поделба на палестинските територии, во летниот период во 2007 година биле принудени да запрат со активностите.

По осумгодишна пауза, нагласи Ар, во 2015 година здружението повторно почнало да работи, и моментално повторно се грижат за животните.

Исто така, тој истакна дека во последно време е забележан раст на лицата кои му даваат поддршка на ова здружение, и дека постојат лица кои сакаат да ги присвојуваат мачките и кучињата кои се лекуваат тука.

Ар нагласи дека имаат за цел да го прошират тимот со лица волонтери, со цел да се грижат за сите животни кои имаат потреба од помош и да ги зголемат активностите за засолнување, заштита и лекување на животните.

Тој упати апел до надлежните органи и граѓани да дадат повеќе поддршка за уличните животни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın