свет, живот

Кампанополис - „средновековен град“ во Аргентина

- „Кампанополис“ е тематски парк изграден во близина на аргентинскиот град Гонсалес-Катан, сместен во провинцијата Буенос Аирес

Oktaj Omeragik  | 24.11.2019 - Обновена : 25.11.2019
Кампанополис - „средновековен град“ во Аргентина Foto: Muhammed Emin Canik / AA

СКОПЈЕ

„Кампанополис“ (Campanópolis) е тематски парк изграден во близина на аргентинскиот град Гонсалес-Катан, сместен во провинцијата Буенос Аирес. Го изградил локалниот бизнисмен, милионерот Антонио Кампана, по кого и го добил името.

Ова село, овој тематски парк со средновековен дух е сон, дизајн и дело на милионерот Антонио Кампана, кој, иако немал никакво формално образование од областа на архитектурата, сонувал за овој проект. Паркот се протега на површина од 200 хектари и е богат со рамнини, шуми, реки, потоци, езера.

Откако му бил дијагностициран рак на грлото, Кампана продал сѐ и во 1976 година направил радикален чекор, откупувајќи 250 хектари земја, со желба да го оствари својот сон и да изгради град од фантазиите.

Паркот „Кампанополис“ претставува музеј под отворено небо и е изграден во готски стил. Зградите со средновековна европска архитектура, камени куќи и тесни улици, на посетителите им нудат можност да патуваат низ историјата.

Постоел план околу тематскиот парк да се изгради железничка пруга, но поради подметнувањето пожар, паркот е опколен со приватно обезбедување и посетата е редуцирана. „Кампанополис“ работи само во саботите од 9:00 до 13:00 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.