Ali Murat Alhas
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ХОНГКОНГ (АА) - Жителите на Хонгконг денеска бираат претставници на локалната власт, во текот на големите демонстрации што започнаа во јуни против локалната власт и Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните избори, што се одржуваат еднаш на четири години, се единствените целосно демократски избори што се одржуваат во автономниот регион на Кина.
Над 4,1 милион регистрирани гласачи во Хонгконг ќе изберат окружни советници, а жителите веќе покажаа голем интерес за изборите.
Процесот на гласање започна во 07:30 часот наутро (2330GMT сабота) и ќе трае до 22:30 часот (1430GMT). Некои демонстранти гледаат на изборите како одлична можност за промена на политичката атмосфера во градот.
За само четири часа гласаа околу еден милион гласачи - трипати повеќе од изборите во 2015 година, кога во истиот временски период гласале околу 340.000 граѓани.
Вкупно 1.104 кандидати се натпреваруваат за 452 места во општинскиот совет во 18 изборни единици.
Избраните кандидати ќе бидат дел од комисија со 1.200 члена; оваа комисија има право да избира пратеници, членови на Кабинетот и челник на Владата, надвор од кандидатската листа од Пекинг.
Хонгконг, автономен регион на Кина од 1998 година, е сведок на протести од почетокот на јуни против потегот на администрацијата на Кери Лам да ја легализира екстрадицијата во Кина.
Владата веќе го отфрли законот, но протестите продолжија бидејќи демонстрантите бараат судско гонење на полициските сили во Хонгконг за насилство.