Nuri Aydın
18 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
АНКАРА (AA) - Истражување спроведено во Јапонија покажа дека жените во секоја десетта компанија во оваа земја се должни да носат штикли или чевли со висока пета, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Истражувањето го спроведе Конфедерацијата на јапонските синдикати, а од 1.000 испитаници, колку што се опфатени од анкетата, 12 отсто правилата за облекување на работа го оценија како „непримерни".
Вкупно 57 отсто испитаници наведоа дека се приморани да се придржуваат до процедурите за облекување како и други правила, а осум отсто од жените рекоа дека се приморани да бидат нашминкани на работа.
Истражувањето исто така покажа дека жентие во секоја десетта компанија во Јапонија се должни да носат штикли, а правилата за облекување најстроги се кај работодавачите во хотели и ресторани.
Исто така,резултатите од истражувањето покажуваат дека застапеноста на жените на менаџерските позиции во оваа земја изнесуваат 13 отсто. Најмалку 11 отсто од машките испитаници во анкетата рекоа дека се должни да носат одело на работа.