Yusuf Hatip
27 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - За време на божиќните празници во Пакистан, како последица од труење со фалсификувани алкохолни пијалаци починаа 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски официјални лица соопштија дека се хоспитализирани 34 лица, од кои четворица се во животна опасност.
Покрај тоа, полицијата приведе седуммина осомничени за продажба на фалсификувани алкохолни пијалаци.
Продажбата на алкохолни пијалаци во Пакистан е забранета, освен на лиценцирани продажни места.