Haydar Hadi
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
БАГДАД (AA) - Од 2003 година, кога Соединетите Американски Држави (САД) извршија инвазија на Ирак, до денеска во оваа земја загинале 455 новинари, јавува Anadolu Agency (AA).
Само оваа година во Ирак загинале 20 претставници на медиумите. Според извештајот на Синдикатот на новинарите на Ирак, во 2016 година во Ирак се убиени 20 новинари, од кои најголемиот дел во Мосул. Повеќето се убиени од страна на терористичката организација ДЕАШ.
Во извештајот е нагласена загриженоста поради ризикот и несигурноста на новинарите во Ирак.
„Новинарството во Ирак оваа година помина низ многу трагедии и болки. Продолжуваат заканите и атентатите врз новинарите“, се наведува во извештајот.
Ирак од 2003 година е најопасна земја за претставниците на медиумите.