Hakan Ceyhan Aydoğan
27 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
МОСВКА (AA) - Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека е пронајдена примарна црна кутија на авион ТУ-154 кој во недела се сруши во Црно Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Руските медиуми пренесоа дека кутијата е пронадена 1.700 метри од брегот, на длабочина од 17 метри. Кутијата во најкраток рок ќе биде испратена во Москва за да биде анализирана.
Пронајдени се уште неколку делови од авионот и 12 тела.
Освен 64 музичари, во авионот загинаа 9 новинари, осум војници, еден претставник на невладина организација, двајца функционери на Министерството за одбрана на Русија и осум членови на посадата.
Авионот ТУ-154 на патот кон Сирија паднал во недела во Црно Море неколку минути по полетувањето од Сочи.