Kristina Maslareviç
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
БЕЛГРАД/СОЧИ (АА) - Министерот за надворешни работи и првиот потпретседател на Владата на Србија во технички мандат, Ивица Дачиќ во името на Србија го презеде претседавањето од Русија со Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC) денес во Сочи, јавува Anadolu Agency (AA).
Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC) собира 12 членови, а според зборовите на Дачиќ, „целта на оваа организација е развојот на економската соработка”.
„Она што ќе биде наш приоритет за време на претседавањето е да направиме се на развојот на регионална соработка, особено во областа на транспортот, заедничките проекти во таа област и развој на трговијата. Имајќи го сето тоа во предвид, ќе користиме соработка со разни други меѓународни организации од ОН па до Европската унија”, изјави Дачиќ во изјавата за АА.
Тој додаде дека круна на претседавањето ќе биде министерскиот состанок во декември во Белград, кој ќе се состои од 12 министри за надворешни работи, кои го содржат Министерскиот совет како тело кое раководи и претседава со оваа организација.
„Очекуваме во таа прилика да бидат усвоени и некои документи, со кои ќе ја направиме поефикасна работата на оваа организација. Организацијата има големи потенцијали, тоа е голем базен, кој во економска смисла е доста неискористен, пред се, поради тоа што постојат билатерални конфликти помеѓу земјите членки.
„Треба да се надминат и остават зад себе политичките разлики и да се гледа да се оствари што подобра економска соработка измеѓу овие големи земји, а тука пред се, мислам на Русија и Турција”, изјави министерот за надворешни работи во Србија, Ивица Дациќ.
Според него,освен Турција и Русија, на Организацијата и се важни и другите земји кои се со различен економски потенцијал, но и различни позиции во меѓународните организации, бидејќи некои се членови на Евроазискиот сојуз, а некои членови на ЕУ.
Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC) е основана на Самитот на шефовите на државите и владите на единаесетте црноморски региони, на 25-ти јуни 1992 година во Истанбул. Членките на оваа организација од нејзиното основање се Руската Федерација, Турција, Бугарија, Романија, Украина, Молдавија, Грција, Азербејџан, Ерменија, Грузија и Албанија, а Република Србија го продолжи членството во Заедницата на Србија и Црна Гора, која на Организацијата и се приклучи во 2004 година.