Yeşim Sert Karaaslan
10 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (AA) - ЈЕСИМ СЕРТ КАРАСЛАН -
Турција, во време кога во рамките на борбата против вирусот Ковид-19 се забранети сите летови, матичните ќелии кои одговараат на двегодишно дете, ги предаде на екипата која допатува од Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на АА, генералниот директор на Националниот центар за трансплантација на органи при италијанското Министерство за здравство на 14 март упатил електронска пошта во која од турските функционери побарал помош.
За време на пребарувањето на меѓународните банки на матични ќелии, утврдено е дека единствено во Турција постои соодветен донатор за детето на кое му е потребна трансплантација на матичните ќелии.
Во време кога се воведени забрани за одвивање на авиосообраќајот и другите слични ограничувања, турското Министерство за здравство покрена активности за да му се помогне на детето од Италија.
Преку Центарот за матични ќелии во Турција пронајдени се соодветни матични ќелии после што Министерството за здравство планирало во рамките на адекватни процедури да ги предаде во Истанбул или Атина. Одлучено е тоа да биде Истанбул, а на аеродромот Ататурк преземени се неопходните мерки, во рамките на превенцијата од заразувањето со Ковид-19, за да примопредавањето се одвива во најдобар можен ред.
Откако е утврдено дека членовите на тимот од Италија се негативни на Ковид-19, на аеродромот е обезбедена изолирана просторија за да се одвива предавањето на матичните ќелии.
Ќелиите му се предадени на Симоне Баглиани, членот на тимот кој допатува од Рим.
Авионот без потешкотии успешно ги транспортирал ќелиите во Рим и ги предал во болницата во која ќе биде извршена транспантацијата.
Николета Сачи, челницата на италијанскиот Регистар на донатори на коскената срж, реч дека турската страна ќе ја информираат за исходот од трансплантацијата.
„Никогаш нема да ја заборавиме помошта на Турција во овие тешки времиња", рече Сачи.
Таа упати благодарност до Министерството за здравство на Турција и на другите институции кои помогнале во реализација на овој процес.
„Благодарни сме им на донаторите, вистинските херои. Благодарни сме ѝ на Турција и на донаторите", истакна Сачи.