Yusuf Özcan
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 13.197 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жером Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција на прес-конференција истакна дека во последните 24 часа кај 4.342 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се искачи на 90.676 лица, додека бројката на заразени лица во домовите за старци се зголеми на 34.193 лица, со што вкупната бројка на заразени лица со Ковид-19 во земјата изнесува 124.869 лица.
Саломон информираше дека во болниците се лекуваат 31.267 лица, од кои 7.004 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 24.932.
Според Саломон, во последните 24 часа починале 554 лица во болниците, со што вкупната бројка на починати во болниците се зголеми на 8.598 лица. Тој нагласи дека од 1 март досега во старските домови во земјата починале 4.599 лица, со што вкупната бројка на починати во болниците и старските домови ширум земјата изнесува 13.197 лица.
Тој рече дека меѓу починатите од Ковид-19 се наоѓат и едно дете под 10 годишна возраст.
Саломон нагласи дека важно е народот да остане дома.