Ayşe Aktaş
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Во изјавата на американската технолошка компанија „Apple“, се истакнува дека пропустите наречени „Meltdown“ и „Specter“ во чип-процесорите, произведени од „Интел“ и други компании, влијаат на сите Mек-системи и на мобилниот оперативен систем на „Apple“, iOS, Anadolu Agency (AA).
Во објавените ажурирања, постојат „закрпи“ што ќе го покриваат пропустот „Meltdown“, а пребарувачот „Safari“ ќе биде ажуриран во блиска иднина за да го покрива пропустот „Specter“.
Во изјавата се наведува дека компанијата не добила информации оти оваа безбедносна слабост била искористена, и дека на паметниот часовник „Apple Watch“, наводно, не влијаат „Meltdown“и „Specter“.
„Google“ исто така изјави дека телефоните со оперативен систем „Android“ се засегнати од безбедносниот пропуст, барајќи од корисниците да ги преземат најновите безбедносни ажурирања, за да ги заштитат.
Чиповите произведени од „Интел“ и други компании имаат сериозен безбедносeн пропуст, изјавија вчера експертите за безбедност на „Google“. Сепак, „Интел“ е информиран за слабостите уште од јуни.