Ekip
16 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
БОГОТА (АА) - Објективот на фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) ги сними бездомниците во главниот град на Колумбија, Богота, кои го продолжуваат нивниот живот на улиците поради зависноста од алкохол и наркотици.
Во Богота се наоѓаат голем број бездомници кои се принудени да живеат на улица, во канали и под мостови поради проблемите со зависноста од алкохол и наркотици.
За решавање на оваа ситуација со бездомниците, во Богота се организираат различки акции, програми во локалните болници како и различни хуманитарни активности. Исто така, на бездомниците им се нуди и поддршка за засолнување за време на ноќта и психо-социјална поддршка.
Во Колумбија постои закон за заштита на бездомниците, за да тие не бидат присилени да учестуваат во програмите за третман од страна на државата.
Исто така, со тоа, им се забранува на полицајците да ги принудат бездомниците да се тргнат од местата кои ги одбрале за престој или да интервенираат врз нив.
Од друга страна, бизнисмените се жалат поради оваа ситуација.