Lokman İlhan
18 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
БОГОТА (АА) - Бројот на загинати во нападот извршен со возило бомба врз полициското училиште „Генерал Сантандер“ во Колумбија се искачи на 21 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата објави писмено соопштение со последните информации во врска со нападот врз полициското училиште во јужниот дел на колумбискиот главен град, Богота, каде што е прогласена тридневна жалост.
Во соопштението се вели дека во терористичкиот напад загинаа 21 лице, меѓу кои и напаѓачот.
Според ова соопштение, во нападот се повредени 68 лица, а 58 лица се однесени на лекување и потоа се пуштени од болница.
Полицијата побара од жителите на Колумбија да ги споделат информациите во врска со нападот што ги поседуваат, а се вели дека сторителите на нападот ќе бидат фатени.