Vesna Besiç
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
ВРОЦЛАВ (АА) - Во полскиот град Вроцлав е отворено првото кафуле за спиење „Vinci Power Nap Sleep Cafe", во кое граѓаните можат кратко да отспијат и да ги наполнат батериите за остатокот од денот, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за иновативен објект дизајниран од Магдалена Филцек. Првото кафуле за спиење ги смирува сетилата и на оние кои го посетуваат им нуди единствен дизајн на ентериер, во кој меѓу другото има и лежалки во кои посетителите можат да легнат. Околу нив се наоѓа и мека вештачка трева како и посебна смирувачка музика.
Според истражувањата, 20 минутно „напување“ им овозможува на луѓето, кои се под притисок, да ги исчистат своите мисли и да бидат креативни.
Магдалена, уметник и обожавател на Леонардо Да Винчи, дел од името додаде во називот од кафулето.