Zehra Ulucak
19 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
КАРАКАС (АА) - Градот Елорза во сојузната држава Венецуела започна со печатење на сопствени хартиени валути, пренесува Anadolu Agency (AA).
Би-Би-Си (BBC) објави дека администрацијата на градот донела одлука за печатење банкноти наречени „елорза“, со ликот на Хозе Андрес Елорза, кој се смета за херој во борбата за независност.
Локалните власти сметаат дека парите ќе ја олеснат трговијата на локалното население и на посетителите на Фестивалот што ќе започне денеска.
Службениците кои веруваат дека хиперинфлацијата во земјата има негативно влијание врз трговијата во Елорза, истакнаа дека новата валута може да се купи во канцеларијата на градоначалникот преку банкарски трансфер.
„Се одлучивме на овој потег, бидејќи луѓето немаа боливари за да ги трошат. Досега имавме продажба во вредност од две милијарди боливари“, рече градоначалникот Солфреди Солорзано.
Кануто Гарсија, локален претприемач, рече дека оваа идеја се појавила откако на фестивалите во градот не им бил дозволен проток на пари.
На црниот пазар, елорза во вредност од две милијарди боливари, е еднаков на околу 9.000 долари.
Градот Елорза не е прв кој почна да печати сопствена валута. Во декември, заедницата Ел Панал во Каракас, на пазарот понуди валути за употреба во трговијата со ориз.