Övünç Kutlu
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Овунч Кутлу -
Повеќе од половина милион бездомници во САД, кои имаат најголема светска економија, во тешки услови ја преживуваат најтешката и најстудена зима која е забележана во последните години во оваа земја, пишува Anadolu Agency (AA).
Ниските температури и снежната бура кои ги погодија САД оваа година додатно го отежнаа и онака тешкиот живот на американските бездомници.
Во САД минатата година 374.000 или 68 отсто од бездомниците живееле во засолништа или живеалишта, додека 176.000 или 32 отсто живееле на јавни места. Меѓу бездомниците има многу семејства со деца, дури 195.000.

Според податоците на Националното здружение за помош на бездомници, повеќето луѓе без покриви над глава се наоѓаат во Њујорк и Њу Џерси. Од 20 милиони луѓе кои живеат на тоа подрачје, 86.000 се бездомници. Повеќе од 290 засолништа и дневни центри не се доволни за сите луѓе кои немаат покрив над главите.
Тие борбата за опстанок ја водат на познатите места како Тајмс Сквер, Бродвеј и други луксузни центри и места. Спас од студот пронаоѓаат и на железничката и метро станица Гранд Централ. Сепак, бездомните луѓе завиткани во ќебиња, обидувајќи се да спијат таму, често се разбркани од полицијата во Њујорк.
Поради оваа причина долж улиците може да се видат картонски засолништа со помош на кои се обидуваат да се заштитат од многу ниските температури.
И познатата холивудска ѕвезда Силвестер Сталоне некое време беше без покрив над глава и беше принуден да живее на Автобуската станица Порт Ауторити во Њујорк. Ова се случи кога тој остан без пари во 1978 година и траеше само неколку дена.
Се претпоставува дека и во Чикаго повеќе од 80.000 луѓе живеат на улиците. Поради случаевите на премрзнување, властите отворија различни објекти на ова подрачје каде што бездомниците можат да се засолнат од големата студ.
Меѓу бездомниците во Чикаго се претежно студенти и ветерани. Студијата вели дека повеќе од 19.000 студенти во овој град немаат покрив над главата.