Gorana Jakovljevic
14 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
БОГОТА
Демонстрантите во Богота во Колумбија исцртаа мурали на Споменикот на хероите, локацијата која од почетокот на националниот штрајк на 28 април стана нивно традиционално место на собирање, јавува Агенција Анадолија (АА).
На споменикот, од сите страни, сега можат да се видат натписи и мурали од различни прикази поврзани за актуелната ситуација.
Демонстрациите против даночните реформи во Колумбија почнаа на 28 април со повикот на национален штрајк кој го упатија синдикатите, локалните организации, студентските здруженија и разни опозициски групи, и во почетокот беа мирни, но подоцна станаа насилни.
Илјадници луѓе кои излегоа на улиците во повеќе од 50 града, вклучувајќи ја Богота, Меделин, Кали, Баранкуила, Картагена и Вале де Кауку, протестираа поради владиниот закон за реформи. Во претходните денови повеќе лица се повредени, а полицијата повеќе лица лиши од слобода.
Полициски час е прогласен во многу градови низ Колумбија во кои во текот на протестите се оштетени бројни автобуси, станици, банки и трговски центри. Ограбени се десетици банки, стопански објекти и јавни институции.