Hakan Çopur
14 Мај 2021•Ажурирај: 16 Мај 2021
ВАШИНГТОН
Челничката на Пратеничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) од редот на Демократската партија, Александрија Окасио-Кортез, во обраќањето на Конгресот ги повика американските власти на одговорно однесување и покажа фотографија на репортерот на Агенција Анадолија (АА) на која се гледа рането палестинско девојче.
Пратеничката од Њујорк порача дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има голема одговорност во оваа ситуација и повика на одговорно однесување.
„САД треба да ја прифатат улогата која ја играат во врска со кршењата на човековите права и неправдите кон Палестинците. Тука не се работи за нешто што е помеѓу две страни, туку се работи за несразмерност на силите", рече Окасио-Кортез.
Потсетувајќи дека администрацијата на Бајден порачала дека Израел има право на самоодбрана, Окасио-Кортез од говорницата во Конгресот постави прашање дали и Палестинците имаат право на живот.
Таа во текот на обраќањето пред колегите во Конгресот и американската јавност покажа фотографија која АА ја дистрибуирала до своите корисници, а на која се гледа рането палестинско девојче.
Израелската војска изведува жестоки напади на Газа во кои од 10 мај се убиени најмалку 119 лица, вклучувајќи 31 дете и 19 жени.
Паралелно со тоа, израелската полиција уапси стотици Палестинци на територијата на Израел.