свет

Илјадници студенти на улиците во Богота: Приведени 35, повредени три лица

Во Колумбија три месеци траат протестите на професорите, академиците и студентите, бидејќи Владата не го реализира минатогодишниот договор за зголемување на буџетските средства за високото образование и за подобрување на условите за работа.

Lokman İlhan  | 16.11.2018 - Обновена : 17.11.2018
Илјадници студенти на улиците во Богота: Приведени 35, повредени три лица (Foto: Lokman İlhan/ AA)

Bolivar

БОГОТА (АА) - За време на протестите на студентите во колумбиска Богота се приведени 35 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Студентите протестираа во знак на незадоволство поради буџетот што се издвојува за високото образование во таа земја. Во полициската интервенција се повредени три лица.

Во Колумбија три месеци траат протестите на професорите, академиците и студентите, бидејќи Владата не го реализира минатогодишниот договор за зголемување на буџетските средства за високото образование и за подобрување на условите за работа во таа област.

Протести вчера, во исто време, се одржани во многу колумбиски градови. Само на улиците во Богота имаше околу 14.000 лица.

Полицијата интервенираше со солзавец, а демонстрантите возвратија со камења и помали експлозивни средства од рачна изработка.

Секретарот за безбедност на градот Богота, Хаиро Гарсија, потврди дека полицијата интервенирала поради група маскирани лица кои нанесувале штета на околината.

До судир меѓу полицијата и демонстрантите дојде во Кали и Меделин. Претседателот на таа земја, Иван Дуке, ги повика студентите на дијалог.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın