İslam Doğru
16 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) - На Статуата на слободата, која е еден од симболите на Њујорк, оригиналниот факел во 1984 година беше заменет со копија поради негова заштита по повод 100-годишнината од поставувањето. Оригиналниот факел е пренесен во музеј, јавува Anadolu Agency (AA).
На островот Слобода (Liberty Island) на кој се наоѓа Статуата на слободата, во тек е изградба на Музеј на Статуата на слободата, а факелот до овој објект е пренесен со хидраулично возило. Факелот ќе биде изложен во мај 2019 година.
Во музејот кој е изграден со цел посетителите да бидат информирани за сè во врска со Статуата на слободата, со истото возило се префрлени оригиналниот факел и копијата од лицето на Статуата.
Факелот е дизајниран од страна на Фредерик Август Бартолди во 1885 година и е донесен од Франција во САД.
Факелот е висок 4,87 метри, широк 3,65 метри и тежок 1.633 килограми. Изработен е од бакар и килибар.
Во програмата за реновирање на Статуата на слободата предвидени се 100 милиони долари и во тие рамки, во тек е изградба на музеј со површина од 2.500 метри квадратни. Секоја година островот Слобода го посетуваат 4 милиони туристи.