Hüseyin Burak Demirer
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
РИО ДЕ ЖАНИЕРО (АА) - Факелот на Олимписките игри 2016 во Бразил, поради протестите беше однесен во Рио во придружба на полициски кордон, јавува Anadolu Agency (AA).
Олимпискиот факел речиси три месеци патувал низ различни градови во Бразил. Стотици луѓе, кои биле револтирани од високите трошоци за Олимпијадата, протестирале при донесувањето на факелот во Рио де Жаниеро, каде што ќе се одржат игрите.
Со фрлање солзавец, полицијата ја растера толпата што одбиваше да се тргне од патот на поворката со олимпискиот оган. На церемонијата заедно со луѓето што го носат факелот присуствуваше и градоначалникот на Рио де Жаниеро, Едуардо Паес.
Се претпоставува дека Бразил има потрошено 12 милијарди долари за Олимписките игри 2016 во Рио.