БОГОТА
Продолжува бранот на висока смртност во земјите на Латинска Америка предизвикан од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.139 лица во Бразил, 166 во Мексико, 443 во Аргентина, 448 во Колумбија, 289 во Перу, 119 во Чиле, 123 во Еквадор, 37 во Боливија, 102 во Парагвај, 52 во Хондурас и 65 во Уругвај
Продолжува бранот на висока смртност во земјите на Латинска Америка предизвикан од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.139 лица во Бразил, 166 во Мексико, 443 во Аргентина, 448 во Колумбија, 289 во Перу, 119 во Чиле, 123 во Еквадор, 37 во Боливија, 102 во Парагвај, 52 во Хондурас и 65 во Уругвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.139 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 391.936.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 28.636, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.369.423.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.879.051 лице претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 166 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.143 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 215.113 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.329.534, а досега оздравеа 1.853.789 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 443 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 62.087. Во истиот период детектирани се 18.793 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.879.677.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.542.004 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 448 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 71.799.
Во последното деноноќие детектирани се 12.839 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.787.303. Во оваа земја досега оздравеа 2.602.489 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 289 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.445 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.768.186, од кои починаа 60.013 лица, а оздравеа над 1.714.995 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 119 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 25.975.
Во истиот период регистрирани се нови 6.078 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 1.175.614, а оздравеа вкупно 1.106.862 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 123 смртни случаи, вкупно 18.300 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.413 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 374.775.
Досега во Еквадор оздравеа 318.598 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 37 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а дека бројката на новозаразени изнесува 1.119.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 298.778, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.861. Досега оздравеа 246.673 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 102 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 2.271 лице позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 269.353, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 6.002.
Досега оздравеа 221.631 лице позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 52 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 413 лица.
Вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 207.320, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 5.193 лица, а оздравеа 77.814 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 65 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 2.391.
Во истиот период детектирани се 2.489 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 187.349 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 157.560 заразени со Ковид-19.