Oktaj Omeragikj
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека врз основа на податоците што ги објави Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјата се направени 2.874 тестирања на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), од кои 450 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 28 лица, вкупно 4.742 од поечетокот на епидемијата во земјата.
Во последното деноноќие детектирани се 450 новозараени со коронавирус, со што вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 151.122.
Во последните 24 часа регистрирани се 1.001 оздравени пациенти, вкупно 130.910 од почетокот на епидемијата во Северна Македонија.
Вкупниот број на спроведени тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19 во земјата изнесува 713.139, од кои 2.874 во последните 24 часа.
Во моментов во земјата се активни 15.470 случаи на зараза со коронавирус.