Mustafa Talha Öztürk
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
БЕЛГРАД (АА) - Владејачката Социјалистичка партија (PS) на премиерот Еди Рама предводи на изборите во Албанија, што се одржаа во неделата за избор на 140 пратеници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Централната изборна комисија на Албанија, Социјалистичката партија досега освоила 48,67 отсто од гласовите од речиси 95 отсто преброени гласови.
Во меѓувреме, 13 партии предводени од Демократската партија (PD), најголемата опозициска партија во земјата, освоија 39,40 отсто од гласовите.
Другата опозициска партија, Социјалистичкото движење за интеграција (LSI), се најде на третото место со 6,85 отсто, додека Социјалдемократската партија (PSD) освои 2,24 отсто.
Според последните резултати, Социјалистичката партија има освоено 74 места, додека Демократската партија 59 од вкупно 140 места во Парламентот.
Излезноста на изборите изнесува 47,94 отсто.
Победата на премиерот на Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, му ја честита турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Информативната служба на премиерот на Албанија соопшти дека Ердоган во телефонски разговор му ја честитал на Рама победата на изборите.
Исто така, честитки до Рамa стигнаа и од премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.