Adel Omeragic
28 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - Во пресрет на летната туристичка сезона, Владата на Црна Гора објави листа на земји на чии граѓани им е дозволен влез во Црна Гора без негативен ПЦР-тест за Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Влез во земјата без претходно направен ПЦР-тест е дозволен на туристите од земјите од Западен Балкан и државите од Источниот блок. На туристите од Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Албанија им е дозволен влез во Црна Гора без тест и без потврда за извршена имунизација.
Меѓу земјите за кои не се бараат проверки се најдоа и државите од Источниот блок - Русија, Белорусија и Украина.