свет, Коронавирус

Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 639 лица во Бразил и на 429 лица во Мексико

- Во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Бразил животот го загубија 639 лица, 429 во Мексико, 163 во Аргентина, 140 во Колумбија, 166 во Перу, 84 во Чиле и 29 лица во Боливија,

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 23.02.2021 - Обновена : 24.02.2021
Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 639 лица во Бразил и на 429 лица во Мексико

БОГОТА

Во земјите на Латинска Америка продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Бразил животот го загубија 639 лица, 429 во Мексико, 163 во Аргентина, 140 во Колумбија, 166 во Перу, 84 во Чиле и 29 лица во Боливија, известува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 639 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 247.143. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 26.986, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 10.195.160.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.139.215 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 429 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.252 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 180.536 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.043.632, а досега оздравеа 1.602.024 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 163 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 51.359. Во истиот период детектирани се 5.417 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.069.751.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.872.213 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 140 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 58.974.

Во последните 24 часа детектирани се 3.401 лице позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.229.663. Во оваа земја досега оздравеа 2.124.695 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 166 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.829 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.286.757, од кои починаа 45.263 лица, а оздравеа над 1.188.995 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 84 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 20.126.

Во истиот период регистрирани се нови 3.547 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 803.009, а оздравеа вкупно 760.577 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 29 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 884.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 243.176, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.470. Досега оздравеа 186.118 лица позитивни на коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.