Abdullah Aşıran
11 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
РОТЕРДАМ (АА) - Абдулах Аширан -
Подготвувањето на кафето, омилениот топол напиток на многу луѓе ширум светот, секој ден станува сè поголем предизвик за бармените кои бараат начини да ги воодушеват своите гости.
Така, кафетеријата во Ротердам во Холандија нуди „selfieccino“, капучино на кое е пресликано селфи.
Сопственичката на кафетеријата, Турчинката Аху Јашик Доганер, родена во Холандија, изјави дека нивните гости доаѓаат од сите делови на Холандија да го пробаат нивното „selfieccino“ кое секогаш одново ги воодушевува со изгледот, но и со вкусот.
„Секогаш сонувавме да отвориме кафетерија. Минатата година на одмор во Сингапур посетивме кафетерија која нудеше 'selfiecchino', што ни беше многу интересно. Претходно, такво нешто видов на социјалните мрежи“, изјави Доганер.
Таа додаде дека уште тогаш знаела дека такво нешто треба да понудат и во Холандија, а на идејата работеше со сопругот, нејзината сестра и сопругот на сестрата.
Таа појасни дека гостите кои ќе порачаат „селфечино“ можат да направат селфи преку апликација или да пратат било која фотографија или лого. Потоа, апаратот за кафе ја печати фотографијата испратена преку апликацијата.
„'Selfieccino'“ првпат во Европа беше понудено во кафетерија во Лондон, а ние бевме втори кои понудивме таква услуга. Она што за нас беше важно е да бидеме први во земјата и среќни сме што успеавме во тоа“, додаде таа.