Behçet Alkan
09 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
НЕВШЕХИР (AA) - Бројот на туристи што минатата година учествуваа на турите со балони со топол воздух во Кападокија е поголем од 329.000, и е зголемен за 32 отсто во споредба со претходната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Кападокија, која претставува еден од поважните туристички региони на Турција со природни, историски и културни убавини, интересот на туристите за возење во балон со топол воздух се зголемува секоја година.
Бројот на туристи кои учествуваа на тури со топол воздух организирани во регионот достигна 329.390 во 2017 година, и бележи зголемување од 32 отсто во споредба со претходната година.

Според информациите добиени од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство (SHGM), во регионот, во текот на годината се остварени 19.843 летања со балони, при што туристите има можност на небото над Кападокија да уживаат гледајќи го уникатниот пејзаж од птичја перспектива.
Во Кападокија балоните летаат во просек 300 дена во годината.
Цената на турите со балон кои се организирани од 25 компании во регионот, варираат од 100 и 150 евра по лице, а времетраење на летањето е од 45 до 90 минути.
Придонесот од турите со топлите воздушни балони за економијата во 2016 година изнесуваше околу 33 милиони евра, а минатата година тој достигна вредност од околу 43 милиони евра.
Регионот кој е на листата на светско културно наследство на УНЕСКО во 2017 година го посетија 2.206.372 туристи. Утврдено е дека еден од секои шест посетители на историските и туристичките центри на Кападокија учествува во прошетките со балон.
Тевфик Олмез, сопственик на компанијата што организира тури со балони со топол воздух во регионот, за АА изјави дека очекуваат бројот на туристите коишто учествуваат на турите, дополнително да се зголеми во 2018 година.
„Турите со балон со топол воздух се организираат во многу места во светот, но Кападокија е место каде што летањето со балони е најинтензивно. Областа има спектакуларни погледи и е на листата на УНЕСКО. Зависно од метеоролошките услови, дневно може да летаат 100-150 балони. Имаме капацитет за 600.000 патници годишно. Годината 2017 помина подобро од претходната година. Проценуваме дека 2018 година ќе биде подобра. Очекуваме бројот на туристите што ќе учествуваат на турите со балон со топол воздух оваа година да се зголеми за околу 30 проценти“, рече тој.
Халил Атај, еден од пилотите на балоните со топол воздуг, изјави: „Балоните создаваат посебен визуелен карневал во Кападокија. Туристите кои учествувале на турите со балони во други земји, ни кажаа дека чувството во Кападокија многу подобро и дека имаат поинакво искуство тука. Кападокија е единствен регион за овој вид прошетки поради нејзините услови и широки природни предели“.
Мустафа Будак, одговорно лице на агенцијата за продажба на тури со балон на странските туристи, рече дека интересот за летање со балони со топол воздух продолжува да расте секоја година и дека во 2018 година очекуваат поинтензивна туристичка сезона од претходната.