Behçet Alkan
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
НЕВШЕХИР (АА) – За време на реализацијата на проектот за санација и урбанизација на тврдини, во Невшехир е откриен историски подземен град поради кој Управата за јавна станбена изградба се откажа од проектот за изградба и го предаде своето земјиште на општинските власти со цел да се истражи тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на владината управа (ТОКИ) Егрун Туран за АА рече дека одлуката за откажување од планираниот проект за изградба на подрачје од 450.000 метри квадратни, односно на подрачјето од 11 квартови е значајно важна од аспектот на археолошките истражувања кои ќе ја променат историската и туристичката понуда на тој регион.
„На површината над откриениот подземен град планиравме да ги обновиме старите, веќе дотрајани објекти и да изградиме нови населби. Работата ја прекинавме веднаш откако наидовме на историските наоѓалишта. Бидејќи бевме свесни колку тоа може да придонесе за развојот на туристичката понуда во Турција, веднаш го откажавме мулти-милионскиот проект и земјиштето наскоро ќе го предадеме на општинските власти”, рече Туран.
Турското министерство за култура и туризам на тоа подрачје веќе има организирано екипа од 300 илјади луѓе кои работат на ископување на контурите на подземниот град, а првите наоди покажуваат дека станува збор за големо културно-историско богатство.
Откриениот подземен град се наоѓа во центарот на Невшехир и веќе е прогласен за археолошки локалитет од трет степен.
Од содржините кои досега се откриени посебно се истакнува ортодоксната црква која најверојатно е изградена во петтиот век и во која се наоѓаат уникатни sидни фрески од воскресението на Исус.