Amina Zorniç
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
СИДНЕЈ (АА) - Климатските промени би можеле да ги препoловат плантажите со кафе и со тоа директно да загрозат 120 милиони жители на сиромашните земји во светот кои живеат од економијата базирана на кафето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се верува дека најдоброто кафе на светот се одгледува во централноамериканската држава Никарагва, Бразил, пак, е најголем производител на кафе во светот, Етиопија е една од најпопуларните земји по производство на кафе, како и Кенија и Уганда.
Најновиот извештај на Климатскиот институт на Австралија и Нов Зеланд вели дека Никарагва би можела да изгуби поголем дел од своите плантажи со кафе до 2050 година, пренесува британскиот "The Guaridan".
„Климатските промени ќе го преполоват земјиштето поволно за производство на кафе и со тоа ќе влијаат на над 120 милиони најсиромашни луѓе во светот, кои се потпираат на економијата на кафе”, се наведува во соопштението.
Посебно се истакнува ризикот за некои од најголемите произведувачи во светот, вклучувајќи ги Старбакс и Лаваца.
Извештајот тврди дека климатските промени веќе влијааат на посевите на кафе ширум светот. Само во Танзанија каде што 2,4 милиони жители се потпираат на производството на кафе, тоа падна на околу 137 килограми по хектар за секој еден степен Целзиусов што ја надминува нормалната потребна температура потребна за раст на кафето на плантажите.
Високите температури како и обилните дождови исто така нанесоа штета на плантажите со кафе во Централна Америка. Извештајот нагласува дека од 2012 година само во Гватемала изгубени се околу 85 отсто од посевите на кафе.
Штетите врз посевите со кафе во Средна Америка за време на 2012-2013 година изнесуваше 500 милиони амрикански долари додека без работа останаа 350.000 работници.
Кога станува збор за потрошувачите од најпознатиот црн напиток, извештајот наведува дека климатските промени ќе имаат влијание врз вкусот, мирисот но и врз цената на кафето.