Ata Ufuk Şeker
01 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на кафето, а земјите од Европската Унија (ЕУ) минатата година за таа топла напивка потрошиле речиси 8 милијарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Денот на кафето во светот се одбележува веќе четири години, а истражувањата покажаа дека дневно во светот, во просек се пие по 1,6 милијарда чаши кафе.
Кафето е сѐ повеќе популарна напивка во светот, а Евростат соопшти дека членките на Европската Унија (ЕУ) минатата година увезле вкупно 3,073 милиони тони кафе кое ги чинело вкупно 7,826 милијарди евра.
Меѓу 28-те членки на ЕУ по увозот на кафе предничи Германија која увезла 1,1 милион тони. На второто место е Италија со увезени 587.000 тони. Белгија увезла 277.000 тони, а Шпанија 260.000 тони кафе.
Европејците најчесто пијат бразилско кафе со оглед на тоа што од таа јужноамериканска земја минатата година во ЕУ се увезени 901.000 тони. Вториот набавувач на кафе за ЕУ е Виетнам со 770.000 тони, а следуваат Хондурас, Колумбија и Уганда.