Ekipa
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за економија и вицеканцеларот Зигмар Габриел, денес изјави дека преговорите помеѓу ЕУ и САД за слободна трговија - пропаднале, јавува Anadolu Agency (AA).
Преговорите за таканареченото Партнерство за трансатлантска трговија и вложување (ТТИП) остварија благ напредок во последните неколку години.
„Според моето мислење, преговорите со САД за ТТИП де факто пропаднаа, иако тоа никој не е подготвен да го признае”, изјави германскиот вицеканцелар.
Напоменато е дека во 14-та рунда од преговорите двете страни не успеале да постигнат согласност ниту во едно од вкупно 27-те предложени поглавја во договорот. Преговорите околу склопување на Партнерството за трансатлантска трговија и вложување започнаа во јули 2013 година.
Целта на преговорите е отстранување на пречките во трговијата (царина, непотребни прописи, ограничување на вложувањето) во широк распон на економските сектори, со цел да се олесни купувањето и продавањето на стока и услуги помеѓу ЕУ и САД.