Bahattin Gönültaş
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
БЕРЛИН (АА) - Швајцарската компанија за храна „Нестле“ (Nestle) плаќајќи 7,1 милијарда долари, во својата глобална дистрибутивна мрежа ги вметна производите од кафе на брендот „Старбакс“ (Starbucks), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на „Нестле“ се наведува дека според постигнатиот договор, компанијата има право да ги продава производите од кафе на брендот „Старбакс“.
„Нестле“, која е една од најголемите компании за храна и пијалаци во светот, според договорот, ќе ги вметне производите од кафе на брендот „Старбакс“ во својата глобална дистрибутивна мрежа. Во „Нестле“ ќе преминат 500-те вработени на „Старбакс“.
„Нестле“ планира со договорот да ја зголеми својата продажба во Северна Америка, каде што брендот „Старбакс“ е многу моќен.