Cüneyt Kemal Özkök
28 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Наведувана ракета истрелана од вооруженото поморско пловило без екипаж (SIDA), прототип платформата на серијата УЛАК (ULAQ) развиена во соработка со kompaniite naкомпаниите на Tурските одбранбени индустрии, успешно ја погоди својата цел вчера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според пишаното соопштение на „Бродоградилиште АРЕС“ и „Метексан Дефенс“, УЛАК СИДА истрелал ракета во рамки на вежбата „Морски волк“. При истрелувањето на ласерскиот систем за наведувани ракети ЏИРИТ (CİRİT) со боеви глави развиен од Рокетсан во турскиот регион Анталија, целта беше погодена со голем успех.
Генералниот директор на Бродоградилиштето АРЕС, Утку Аланч, во својот говор на церемонијата одржана пред лансирањето на ракетата, истакна дека тие сега имаат за цел да ги развијат најдобрите морски пловила без екипаж и да го водат светот како турски инженери на ова поле со завршувањето на тестирањето.
Претседателот на Турските одбранбени индустрии, Исмаил Демир, во својот говор откако ракетата ја погоди целта истакна:
„Деновите кога ќе започнеме да ја гледаме реализацијата на нашите производи кои сега се на терен како менувачи на игри кај беспилотните летала, и кај копнените возила, поморските пловила и подморниците, се многу близу. Знаеме дека борбената средина во која работат овие системи интегрирани нè чека и ние соодветно продолжуваме со нашата работа. Ние ја поддржуваме работата. Ние ќе продолжимесо поддршката“.
УЛАК СИДА може да се користи при спроведување на мисии како што се извидување, надзор и разузнавање, површинско војување, асиметрична војна, вооружена придружба и заштита на силата, безбедност на стратешки објект, од копнени мобилни возила и од седиштето на командниот центар или од пловечки платформи како што се носачи на авиони и фрегати.