Rıyaz Khalıq
17 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Локалните власти во централна Јапонија започнаа експеримент со роботи, кои треба да им помагаат на жителите во административните работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите во градот Огаки, во префектурата Гифу, претставија роботи кои можат да им ги даваат потребните информации на граѓаните или „да ги учат“ како да пополнуваат формулари, објави „Џапан тајмс“ (Japan Times). На жителите ќе им помагаат пет различни видови роботи.
Ако експериментот се покаже успешен, градот Огаки ќе биде првата локална власт во Јапонија која ќе користи роботи и ќе ја намали зависноста од луѓето.
Населението во Јапонија кое старее, сѐ повеќе има потреба од тоа роботите да ги заменуваат луѓето како работна сила.
Властите размислуваат за можните начини да ги интегрираат роботите во услужните дејности до 2020 година, кога ќе се отвори нова владина канцеларија која ќе креира „електронско-градска општина“, и која ќе користи роботи и вештачка интелигенција.
„Би сакал да ги искористиме роботите за да ги зголемиме нашите услуги кон нашите жители, и да ја направиме нашата општина собирно место каде што ќе може и да уживаме“, изјави градоначалникот на Огаки, Бин Огава.
Огава во вторникот беше придружуван и упатуван од страна на робот до информативниот бројач, а потоа и до лифтот.
Роботите усно ќе им објаснуваат на оние кои сакаат да аплицираат за потврди и документи издадени од властите, и за тоа како да пополнат соодветен формулар. Неколку роботи, исто така, ќе бидат ангажирани и за разговор со деца и за читање сликовници во градинките.
Со брз развој на технологијата, Јапонија има најмногу патенти на полето на вештачката интелигенција од која било друга земја во светот.