Burcu Çalık
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
АНКАРА (АА) – Започна процесот на пријавување за учество на конкурсот за фестивалот по авијација ТЕХНОФЕСТ 2019, втор по големина во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварите ќе се одржат во 15 категории, а на конкурсот ќе можат да аплицираат ученици од средни училишта, гимназии и студенти од универзитети.
Според соопштението на Министерството за образование на Република Турција, објавено на веб-страницата, на фестивалот именуван како „ТЕХНОФЕСТ ИСТАНБУЛ Воздухопловство, вселена и технолошки фестивал“, одржан за првпат од 20 до 23 септември 2018 година, ќе се реализира и натпревар за дизајн за летечки автомобил.
За технолошките натпревари на ТЕХНОФЕСТ 2019, апликациите може да се поднесуваат до 28 февруари преку веб-страницата teknofestistanbul.org.
Победничките екипи ќе имаат можност да освојат вкупна парична награда која изнесува повеќе од 2 милиона лири.
На кандидатите на кои ќе им се прифатат апликациите и ќе се најдат на објавената листа, во текот на подготовката за категориите во кои ќе се натпреваруваат, ќе им биде обезбедена поддршка од Советодавниот одбор на фестивалот „ТЕХНОФЕСТ ИСТАНБУЛ Воздухопловство, вселена и технолошки фестивал“.
Фестивалот ТЕХНОФЕСТ 2019, кој ќе се реализира под мотото „Потег за национална технологија“ ќе биде поддржан од Фондацијата „Екипа за турска технологија“, Министерството за индустрија и технологија, Министерството за образование, Општина Истанбул и од водечки технолошки компании во Турција, владини агенции и универзитети.
Во рамките на фестивалот ТЕХНОФЕСТ 2019 ќе се одржат натпревари во 15 различни категории, со цел подигање на свеста за науката и технологијата, но и за општеството како целина, и подобрување на обемот на човечките ресурси во Турција во областа на науката и инженерингот.
На фестивалот ќе може да се натпреваруваат ученици од средно образование, гимназии и студенти од универзитети.
Фестивалот, покрај летечките и автомобилите без возачи, ги вклучува и категориите за модерна технологија, како што се ракети, подводни беспилотни системи и беспилотните летала. Во својата прва година, ТЕХНОФЕСТ не само во Турција, туку и во регионот стана најважен фестивал за воздухопловство и технологија.
Минатата година на фестивалот учествуваа натпреварувачи од областа на дронови од 25 земји, исто така беа вклучени хакери со бели капи од 24 земји и претприемачи од областа на технологијата од вкупно 83 земји.
Странските екипи и оваа година ќе можат да аплицираат за учество на фестивалот ТЕХНОФЕСТ.