Melike Keskin
05 Ноември 2021•Ажурирај: 06 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Владини претставници, бизнисмени и експерти вчера разговараа за важноста на одбранбената индустрија на самитот што се одржа во централниот турски град Конија, организиран од Здружението на претприемачи - бизнисмени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џелал Сами Туфекчи, заменик-челникот на турското Претседателство за одбранбени индустрии, рече дека Конија е град кој може да се пофали со силна инфраструктура од одбранбената индустрија, додавајќи дека во градот има стотици компании кои работат на одбраната и авијацијата.
„Таа има значителен дел од турскиот одбранбен и авијациски извоз“, рече Туфекчи. „Многу е важно да се соедини динамиката на луѓето со претприемачкиот дух и акумулацијата на знаење на големите компании.“
Адил Сезенѓоз од турскиот производител на ракети „Рокетсан“ рече дека 79 отсто од набавките на турската одбранбена индустрија доаѓаат од локални фирми.
„Да се води бизнис во одбранбената индустрија е водење бизнис за светот“, рече Булент Ишик, извршен директор на АСЕЛСАН-Конија. „Затоа што основните принципи во нашата одбранбена индустрија се засноваат на суштински услови кои имаат важност во целиот свет“, додаде тој.
Осман Дур, извршен директор на ТР Мотор, порача дека Турција има успешни инженери со искуство во меѓународни корпорации и дека ТР Мотор, компанија за дизајнирање на авијациски мотори, успеала да привлече многу од нив.