Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
АНКАРА (АА) – Анализирајќи ја ДНК-та на луѓето може да се добијат показатели за нивниот животен век, односно дали ќе живеат долго, пренесува Anadolu Agency (AA).
Списанието „Сајанс дејли“ објави дека научниците од Универзитетот во Единбург, за да развијат систем за бодување, ги анализирале различните генетски варијации кои имаат влијание врз животниот век.
Експертите со сигурност утврдиле дека 12 подрачја во човечкиот геном значително влијаат на животниот век. Тие, исто така, поради бодувањето, ги евидентирале генетските податоци и животниот век на семејствата на над половина милион луѓе.
Експертите истакнуваат дека со испитувањето на ДНК-та на луѓето може да се добијат индикации за нивниот животен век. Според нив, тие што во системот на бодување се наоѓаат во првите 10 проценти, живеат 5 години повеќе од тие што се наоѓаат во последните 10 проценти.
Исто така се наведува дека најефективните периоди на животниот век претходно биле поврзани со срцеви заболувања и смртоносни заболувања поврзани со пушењето.
Во испитувањето не се земени предвид гените поврзани со типовите на рак што не се директно поврзани со пушењето.
Меѓу другото, наодите обезбедуваат нови сознанија за билошките механизми и болестите поврзани со стареењето на луѓето.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Елифе“ поддржано од Британскиот совет за медицински истражувања и истражувачкиот фонд АХА.